Училишното ѕвонче заѕвони во 12 региони во Италија: Во останатите области почетокот на учебната година е одложен
Училишното ѕвонче, денес ќе заѕвони повторно во 12 региони во Италија. По шестмесечна пауза поради пандемијата на вирусот ковид-19, ќе започне новата учебна година во 12 региони во европската земја која беше најпогодена од коронавирусот во март и парил годинава. Во неколку области, почетокот на наставата е одложен.
Училиштата се подготуваа за пречек ан учениците, дел од нив направија огромни промени во ентериерот, односно училишните клупи коис е користеа пред пандемијата на кои може да седат по двајца деновиве беа заменети со клупа за еден ученик.
Токму денес е новиот училишен ден за поголемиот дел ученици во Италија, но во некои италијански региони, училишното ѕвонче за почеток на наставата ќе заѕвони на 16, 22 или 24 септември.
Заштитни маски за деца постари од шест години се задолжителни, а маските за деца и училишен персонал треба да бидат обезбедени од училиштето, сепак, се препорачува учениците секогаш да носат резервна маска, по можност хируршка, иако е дозволена и од материјал.
Температурата на учениците нема да се мери во училиштата, родителите ќе бидат задолжени за тоа дома, а на таа одлука се спротивставија регионите Пиемонт и Кампанија, каде регионалните власти бараат од училиштата да ја проверат температурата на учениците.
Како што изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте, италијанската влада „интензивно работеше и го даваше својот максимум“ со цел да се обезбедат најдобри услови за почетокот на учебната година.
Враќањето на децата на училиште за време на пандемијата е важен чекор за Италија, првата европска земја што воведе строги мерки за карантин на целата територија на почетокот на март поради вирусот „ковид-19“ и по околу три месеци постепено излезе од блокадата.