Училиште во САД го враќа физичкото казнување како дисциплинска мерка: Дали ќотекот е излезен од рајот?
Во училишниот округ Касвил, во Мисури ќе се врати стариот метод на казнување на учиниците, поточно повторно ќе се воведе физичката казна.
Началникот на Касвил, д-р Мерлин Џонсон вели дека промената на политиката е резултат на анкетата, кој во мај била испратена до персоналот, учиниците и родителите.
„Еден од предлозите што пристигна беше загриженоста за дисциплината на учениците. Значи, ние реагиравме со имплементирање на неколку различни стратегии, а една од нив е физичкото казнување“ - истакнал Џонсон.
Тој вели дека оваа промена ќе им даде на директорите уште една дисциплинска опција, пред учениците да добијат посериозни казни, како што е суспендирањето. Администраторите велат дека тоа би било последно средство за родителите и членовите на персоналот, доколку не функционираат другите средства за дисциплина.
„Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот. Некои родители рекоа дека не сакаат учениците да бидат суспендирани. Тие сакаат друга опција, а ова ќе се користи како можност пред суспензијата“ - објасни Џонсон.
Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удирани, можат да потпишат формулар во којшто се согласуваат со тоа. Физичкото казнување во училиштето ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци. Никогаш нема да се спроведе во присуство на други ученици, стои во правилата.
Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на надлежните да одлучат дали ќе го спроведуваат. Во мигов, 19 сојузни држави, претежно на југот од земјата, сè уште дозволуваат физичко казнување.
фото: unsplash.com