Училиште во Шпанија донесе неверојатна одлука: Ќе ги учи момчињата да готват, чистат и шијат
Ваквата одлука, училиштето ја донесе како начин за борбата против родовата нееднаквост.
Секој треба да ја заврши својата обврска, да има своја одговорност кога се домашните обврски во прашање и да биде вешт кога е во прашање извршувањето на основните животни потреби. Сепак, во некои делови на светот, домашните обврски сè уште се сметаат за нешто што го прават само жените, оставајќи ги мажите неспособни.
Училиштето „Колегио Монтекастело“ во Виго, Шпанија, се бори за родовата нееднаквост и на младите момчиња им држи предавања кои ќе им помогнат за усовршување на основните животни вештини, вклучувајќи го чистењето, готвењето, па дури и шиеењето.
Додека едни луѓе сметаат дека оваа иницијатива е сосема во ред, други сметаат дека со ова уште повеќе се истакнуваат родивите улоги, преку означувањето на одредени активности како „машки“ или „женски“, наместо да се гледаат како универзално корисни вештини. Трети пак сметаат дека овие вештини треба да се совладаат дома, а не на училиште.
Како и да е, во продолжение погледнете што изучуваат момчињата во ова училиште и на крајот пишете ни што мислите за оваа идеја.