Училиштето ѝ забранува да носи долго здолниште: Се чувствувам злоупотребено

Училиштето ѝ забранува да носи долго здолниште: Се чувствувам злоупотребено

Објавена во: Совети // School zone

На 12 - годишната девојка од муслиманска вероисповед, Сихан Хамуд, од училиште ѝ било кажано да си оди дома за да се пресоблече, бидејќи училишната униформа, односно здолништето не и било доволно кратко.

Оваа ученичка од населбата Халингдон во западен Лондон со години носи здолниште во должина до глуждовите, но се шокирала кога минатиот месец нејзините наставници и кажале дека нејзината училишната униформа не е соодветна.

Училиштето исто така испратило писмо до родителите во кое им се заканува судска тужба за наводни неоправдани отсуства на нивната ќерка од училиште на 9 декември 2020 година.

Нејзиниот татко Идрис Хамуд вели дека наставниците на Сихам ја испраќале дома секој ден во декември за да ја смени облеката, велејќи ѝ да се врати облечена во пропишаната училишна униформа. Сепак, таа одбивала да го направи тоа, пренесува „LADBible“.


Се чувствувам злоупотребено

Училиштето се заканило со тужби дека ќе ги одведе Идрис и Салма Јусуф на суд за наводните неоправдани отсуства на нивната ќерка.

„Се чувствувам злоупотребено заради тоа во што верувам. Мислам дека треба да ми биде дозволено едноставно да ја носам училишната униформа на училиште. Патем, го сакам училиште, а англискиот јазик и веронаука ми се омилени предмети. Меѓутоа, не можам да ги научам. Здодевно ми е затоа што пропуштив еден месец од училиште, па затоа морам да надоместам многу. Би сакала да можев да одам на училиште како и порано“ - рече 12 - годишното девојче, кое моментално учи дома поради пандемијата на коронавирус.

„Се чувствувам заостанато, затоа што не можам да ги гледам моите пријатели. Тие не ме прифаќаат поради мојата религија и тоа не е во ред. Збунета сум и лута што не можам да го носам она што го сакам во согласност со мојата вера. Се надевам дека училиштето ќе ги смени своите правила, така што девојчињата како мене ќе може да носат долги здолништа на училиште“ - додаде таа.

Несвесна дека ги крши на правилата

Нејзиниот татко, Идрис, тренер по атлетика, рече:

„На мојата ќерка и беше одбиено образованието заради нејзините религиозни убедувања. Сè што сака Сихам е да носи здолниште што е за неколку сантиметри подолго од она што го носат другите ученици од одделението и не знам зошто училиштето има толку многу проблеми со тоа.“

„Ја испраќаат дома да се пресоблече во пократко здолниште, а потоа подоцна тој ден се враќа на училиште, но таа нема да ги смени своите уверувања за еден час. Училиштето се заканува дека ќе поднесе тужба против мене, но јас не ја принудувам ќерка ми да носи подолго здолниште, тоа е нејзина вера и нејзина одлука“ - истакна таткото на девојчето.

Семејството Хамуд рече дека дури неодамна дознале за новото правило на носење училишна униформа, воведено пред две години, во кое се наведува дека мора да се носат пократки здолништа.

Но, нејзините родители тврдат дека не знаеле за тоа, а Сихам продолжила да носи подолго здолниште, не знаејќи дека ги крши правилата, сè додека од училиште не ја испратиле дома на 1 декември.


Училиштето испратило писмо до родителите

Овој потег на училиштето е уште поизненадувачки бидејќи постарите сестри на Сихам, Сумајах и Илхам, носеле подолги здолништа на училиште без никакви проблеми, а камоли санкции

Таткото Идрис исткана дека неговото семејство ја следи традиционалната гранка на исламот, што значи дека „сакаат да веруваат во својата религија на чист начин“, што значи дека жените треба да носат само долги здолништа.

„Отсуствата на Сихам од училиште беа евидентирани како неоправдани. Ова може да резултира со парична казна или правна постапка против возрасните лица кои имаат родителска одговорност. Правната постапка може да има форма на известување за изрекување казна или покана до прекршочен суд. Мораме да ве замолам да го поддржите училиштето и да се осигурате дека вашата ќерка ќе посетува настава во целосна училишна униформа со непосреден ефект“ - се наведува во писмото на училиштето.

Таткото на девојчето не ги крие разочарувањето и гневот поради ваквата одлука на училиштето.

„Не знам зошто нејзиното здолниште одеднаш стана проблем. Таа секогаш беше паметна, една од најдобрите во нејзиното одделение и го обожуваше училиштето, а сега само ја испраќаат дома“ - се пожали Идрис.

Извор: direktno.rs

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: