УНИЦЕФ објави анализа за пандемијата: Каде децата попрво ќе се заразат со корона - на училиште или надвор од него?

УНИЦЕФ објави анализа за пандемијата: Каде децата попрво ќе се заразат со корона - на училиште или надвор од него?

Објавена во: Живот // Живот

Резултатите од истражувањето може да ве изненадат...

Податоците од 191 земја не покажуваат силна врска помеѓу повторното отворање на училиштата и зголемената стапка на инфекција со коронавирус, објави УНИЦЕФ во првата сеопфатна анализа на проценките за ефектите на пандемијата врз децата.

Училиштата не се места што може да се идентификуваат како главен двигател на пренесување на инфекции во заедницата, а кај децата, поголема е веројатноста да го добијат вирусот надвор од училиште, според анализата.

Според УНИЦЕФ, пренесувањето на коронавирус од дете на дете во училиштата не е вообичаено и не е примарна причина за инфекција кај децата кои го „фатиле“ вирусот додека оделе на училиште.

Иако се вели дека децата биле заразени почесто надвор од училиште, извештајот покажува дека факултетите имале влијание врз ширењето на коронавирусот во многу земји, пишува Јутарњи лист.

Од анкетите спроведени во 140 земји, УНИЦЕФ проценува дека бројот на домашни посети на социјалните работници се намалил за време на пандемијата во 65% од земјите.

Речиси една третина од земјите забележаа пад на покриеноста на здравствените услуги од најмалку 10 проценти. Тоа вклучува рутински вакцинации, амбулантско згрижување во случај на заразни болести кај децата и обезбедување здравствени услуги на мајките.

„Постојат силни докази дека, со воспоставените основни безбедносни мерки, придобивките од отворањето на училиштата ги надминуваат трошоците за нивно затворање“, се вели во извештајот на УНИЦЕФ.

Според нив, во 135 земји, опфатот на услуги за храна за жени и деца опаднал во просек за 40 проценти. Прекините во клучните услуги и зголемувањето на стапката на сиромаштија претставуваат најголема закана за најмладите.

Колку подолго трае кризата, толку поразително ќе биде нејзиното влијание врз образованието, здравјето, квалитетот на исхраната и благосостојбата на децата. Иднината на целата генерација е загрозена, предупредува УНИЦЕФ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: