УНИЦЕФ: Уште 150 милиони деца се погодини од сиромаштијата поради пандемијата

УНИЦЕФ: Уште 150 милиони деца се погодини од сиромаштијата поради пандемијата

Објавена во: Совети // School zone

Поради пандемијата на коронавирус и карантинските мерки, уште 150 милиони деца се погодени од сиромаштијата, според аналиците кои ги објави УНИЦЕФ и „Save the Children“ во четвртокот.

Од почетокот на пандемијата забележано е зголемување од 15% на бројот на деца кои живеат во сиромаштија во земјите со среден и низок приход, со што вкупниот број порасна на околу 1,2 милијарди, соопшти организацијата.

Во извештајот се наведува дека најсиромашните деца на светот стануваа уште посиромашни и се предупредува дека состојбата следните месеци ќе биде уште полоша.

„Семејствата во бегството од сиромаштијата се повлекуваат, другите доживуваат ниво на недостиг што порано го немале“ - истакна извршниот директор на УНИЦЕФ, Генриета Форе во соопштението за јавноста.

„Она што нас најмногу не загрижува е тоа шот сме поблиску до почетокот на оваа криза, отколку на нејзиниот крај“ - додаде.

Агенциите ги повикаа владите за брзо да ги прошират системите за социјална заштита, пристапот до здравствена заштита и можностите за учење од далечина. „Децата кои ќе го изгубат образованието, најверојатно ќе бидат принудени да работат или на ран брак и со години ќе бидат заробени во кругот на сиромаштијата“ - рече извршниот директор на „Save the Children“, Ингер Ашинг.

Во истражувањето анализирани се податоците од повеќе од 70 земји за тоа дали децата се лишени од образование, лекови, сместување, храна, санитарни услови и вода.

Извор: 6yka.com

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: