Уникатна забава: Кајли Џенер го прослави 24-тиот роденден на оригинален начин (ФОТО)

Уникатна забава: Кајли Џенер го прослави 24-тиот роденден на оригинален начин (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Најмладата сестра од семејството Кардашијан Џенер вчера го прослави својот 24 -ти роденден, а честитките и подароците пристигнуваа од сите страни.
Кајли ги сподели деталите од роденденот на својот профил на Инстаграм, и ја организираше гала -прославата во нејзината луксузна вила, на многу специфичен начин.


Нејзиното биро беше преплавено со раскошни букети цвеќиња.

Семејството и пријателите и го честитаа роденденот преку социјалната мрежа, а посебно внимание привлече честитката на музичарот Тревис Скот, со кој Кајли има ќерка.

Нејзиниот роденден оваа година беше доста поразличен од претходните бидејќи денот го помина сликајќи со нејзините гости, што е одлична идеја за забава со друштвото.

Тоа беше уште една причина да се зголемат шпекулациите за повторна бременост на Кајли, а фановите кренаа уште поголема прашина кога видоа дека сликите на нејзиниот роденден имаат различна боја на нокти од сликата објавена од нејзината сестра Ким Кардашијан, исто така од прославата. Со денови се дебатираше дека Кајли одлучила да ја крие оваа бременост подобро од првата и да објави стари слики за да не се види нејзиниот стомак, но таа не коментираше на таа тема.



Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: