Упс: Познати личности кои имаа проблеми со добивањето на возачки дозволи
Да се има возач е привилегија на познатите личности и кога имате личен возач да ве однесе насекаде низ светот, природно е да не брзате со добивањето на возачката дозвола, зарем не? Па така, ние малку истражувавме и дојдовме до заклучок дека ова е случај кај многу од нашите омилени ѕвезди.
На пример, една од најпознатите пејачки во светот, Селена Гомез, испитот за возачка дозвола го паднала дури 19 пати. Таа за ова зборуваше во 2018 година и тогаш изјави дека се уште нема дозвола. Работите сега се променети и таа сепак успеа да добие дозвола, иако немаме информации кога точно го направила тоа.
Но, таа не е единствена. Исто како неа, има уште многу ѕвезди на кои им требало долго време да научат да возат или пак да го положат испитот. Во продолжение погледнете ја целата листа од познати личности на кои им требало долго време да добијат возачка дозвола:
# Ед Ширан
Пејачот кој ја испеа една од омилените балади „Thinkg Out Loud“ научил да вози дури на 24 години. „Вчера го положив тестот за возење“ - сподели тој во октомври, 2015 година. Причината за сево ова е многу едноставна, а ова се виновни неговите турнеи низ светот, многуте распродадени концерти и објавувањето на големи хитови.
# Пери Едвардс
Пејачката од „Little Mix“ во јануари оваа година откри дека конечно, на 26 година го положила испитот за возачка дозвола. „Време беше да го тргнам ова од списокот“ - напиша таа на Инстаграм. „Доаѓам наскоро на патот блиску до вас“.
# Тана Монгеу
Тана има 21 година и сè уште нема возачка дозвола. Јутјуб ѕвездата ги шокираше сите со ова кога го замоли нејзиното поранешно момче, Џејк Пол да ја научи да вози, во блог кој беше обајвен во јуни 2019 година.
# Ариана Гранде
Ариана не доби возачка дозвола додека не наполни 19 години. Среќната вест пејачката ја сподели на Твитер.
# Ниал Хоран
Поранешниот пејач на „One Direction“ не ја доби својата возачка дозвола до 2013 година, кога имаше речиси 20 години. Ниал го положи испитот уште на првиот обид, а кога се прослави се почести со Range Rover од 88 илјади американски долари.
# Џо Џонас
Не сме сигурно кога ја доби дозволата, но во 2008 година (кога имаше 19 години) се уште ја немаше. Во епизода на „Jonas Brothers: Living The Dream the DNCE“, пејачот призна дека сè уште одел на часови за возење. Но, по неговите прошетки со автомобилот низ Лос Анџелес последни неклку години, се претпоставува дека тој сега има возачка.
# Лиам Пејн
Лиам својата возачка дозвола ја доби во 2014 година, кога имаше 21 година. Пејачот посетуваше интензивен курс за возење за да се подготви за големиот тест и положи од прва.
Може да ве интересира:
И познатите ѕвезди имаат идоли: Видете ја реакцијата на Тејлор кога го запознава Џастин Тимберлејк