Најшокантниот факт за Селена Гомез: Испитот за возачка дозвола го паѓала 19 пати
Точно е дека ѕвездите имаат бројни привилегии во животот, но кога станува збор за полагањето на испити од било кој вид, тука работите се поинакви, барем во одредени земји. Кој не верува може да ја праша Селена Гомез која со години не успевала да го положи испитот за возачка дозвола.
Селена дефитивно е еден од рекордерите, бидејќи како што пишува J-14, таа испитот за возачка дозвола го паднала дури 19 пати. Селена за тоа зборуваше уште во 2018 година за магазинот „People“, кога кажа дека во тој момент се уште нема возачка дозвола.
„Не сум ни блиску. Немам дозвола и не сум ни блиску. 19 пати го полагав испитот во Калифорнија. Мене тоа ми е најчудното нешто. Морам да одам на онлајн курс, а потоа имам и полагање за возачка. Веќе го закажав следниот термин, но навистина не сум уверена дека ќе успеам. Мислам дека ќе имам 30 години пред да ја добијам дозволата!“ - раскажа таа.
Селена сепак успеа да добие дозвола, а иако не знаеме кога точно се случило тоа, веќе одамна ја гледаме како се вози, а во својата гаража има повеќе автомобили, од Порше, БМВ, па се до Мини Купер. Сепак, Селена за тоа време имаше и повеќе инциденти - во 2014 година се удри во друго возило бегајќи од папараци, а слична работа и се случи и во 2016 година. Во двата случаи, проблемот бил во тоа што таа лошо го проценила возењето и рикверцот. Меѓутоа, од тогаш па се до денес, изгледа дека и оди подобро.