Ураганката Ивана ја промени фризурата: Ја извади надоградбата и ја скрати косата (ФОТО)
Девојките од групата Hurricane дефинитивно привлекуваат внимание не само со своите вокални способности, туку и со совршениот изглед.
На огнената ураганка, Ивана Николиќ, секогаш сме навикнати во тип-топ изданија, негувана и средена, а речиси е невозможно да ја замислиме без надградба и силна шминка.
Но, Ивана со следбениците на Инстаграм сподели фотографија без надградба на нејзината природна коса, а позитивните коментари не престануваа.
Таа позираше во портокалов топ и тренерки, а фановите воодушевено го коментираа нејзиниот изглед.
„Фала му на Бога што конечно си ја извади надоградбата“, „Вака треба да изгледаш засекогаш“, „Те молам, никогаш не ја враќај таа мртва мачка на глава“, „Колку си убава“, „Тоа е тоа ... амин“. се само дел од коментарите на луѓето, а сите се согласуваат за истото - Ивана изгледа многу поубаво без екстензии.
Слоевитата фризура која сега ја носи Ивана е дефинитивно полн погодок и го истакнува волуменот на нејзината коса.