Ураганката не очекуваше ваков подарок: Сања Вучиќ наполни 29 години, воодушевена од гестот на својата сестра (ФОТО)
Членката на групата „Ураган“, атрактивната Сања Вучиќ денеска го слави својот 29-ти роденден, а по тој повод доби необичен подарок кој ја насмеа до солзи.
Наместо роденденска торта, нејзината сестра Ивана ѝ донела пециво во форма на број 29 во кутија за пица, а за работата да биде уште „полоша“, во него ставила и свеќички.
- Не, не го направи тоа! Ќе се убијам, мајке ми - вели Сања додека цело време гласно се смее, видно воодушевена од овој оригинален подарок.
Подоцна заедно запалија свеќи кои, веруваме, Сања ги дувна како на вистинска роденденска торта и си посака желба.
извор: novosti.rs