Урнебесно ВИДЕО: Златен ретривер насмеа милиони поради ова - преку ноќ стана сензација

Урнебесно ВИДЕО: Златен ретривер насмеа милиони поради ова - преку ноќ стана сензација

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Златен ретривер стана популарен на интернет, а неговото видео ги воодушеви луѓето ширум светот

Домашните миленици се како децата, а тоа го докажа и златниот ретривер по име Шармин. Неодамна заедно со својот сопственик во сојузната држава Висконсин бил во забавен парк за деца со различни тобогани.

Како дел од забавниот парк имало и голем тобоган, а златниот ретривер едвај чекал да се спушти по големиот тобоган. Сепак, тој не се спуштил сам. Сопственичката го ставила во скут и заедно се спуштиле по тобоганот. Можете да видите дека овој ретривер ужива додека се спушта по тобоганот, а на дното почнува со радост да мавта со опашката и да ѝ дава бакнежи на својата сопственичка.

Видео снимката, која беше објавена на TikTok, собра неверојатни 119 милиони прегледи за една недела и дури 7,5 милиони лајкови. Луѓето се воодушевени од овој златен ретривер.


Фото и Видео: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: