Уште еден нов трик кој може да тргне наопаку: Обетки кои може да предизвикаат лоши последици

Уште еден нов трик кој може да тргне наопаку: Обетки кои може да предизвикаат лоши последици

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Постојат разни трикови кои се навистина опасни, а кружат на ТикТок...

Една девојка на својот ТикТок профил сними видео, односно трик како дома да си направите обетка од конец на многу едноставен начин. Не само што трикот е едноставен, туку за него ти се потребни само две работи, а тоа се игра и конец. Потребно ти е само да имаш неколку дупчиња на увото за конецот да може да го протнете низ сите тие дупки. Навистина звучи лудо, но мораме да признаеме дека крајниот резултат на овој трик изгледа навистина интересно на увото.

@rriins1

#fyp #infinty  #bored

Originalton -

Меѓутоа, оваа девојка не ја направила најпаметната работа на светот со овој трик, бдиејќи на тој начин може да направи разни инфекции на увото кои може да резултираат со болки и гнојни воспаленија. Освен тоа, таа ова видео го споделила јавно на својот ТикТок профил и видеото набрзо стана вирално, што исто така не е добро бидејќи со тоа им дала идеја и на другите девојки да го испробаат овој трик со конец, наместо со обетка.

@uncxyy

Nikad vise @rr #fyp #foryou #viral

Originalton -

Овој трик го испробала и една друга девојка која исто така својот краен резултат го сподели на својот профил и нејзиното видео има повеќе од 250.000 прегледи. Меѓутоа, на крајот сепак се изјаснила и напишала: „Веќе ми беа дупнати ушите, да се знае и ништо не боли. Исто како и кога ставате обични обетки, но не го пробувајте ова“ - напиша таа во коментар, бидејќи нејзините следбеници мислеле дека таа со иглата директно прави дупчиња во увото. Освен тоа таа напиша и дека ништо не боли, но сеедно таа уште по завршувањето на видеото одлучила новата „обетка“ веднаш да ја тргне од увото за да не дојде до некои сериозни последици.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: