Уште еден ТикТок предизвик одзеде млад живот: Мрежата ги отстрани видеата од „milk crate“

Уште еден ТикТок предизвик одзеде млад живот: Мрежата ги отстрани видеата од „milk crate“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сè почести се вестите во медиумите во кои дознаваме дека некој починал поради предизвик на ТикТок. Покрај добрите работи кои оваа мрежа ги носи, има многу предизвици кои младите може да ги чини живот, а таков е и случајот со последниот.

ТикТок од платформата ги отстрани сите видеа со предизвикот „milk crate“, по бројните повреди на корисниците, но и пукањата во кои починаа тројца луѓе.

Овој бизарен предизвик се прошири на интернетот пред неколку недели, а целта е учесниците да се качуваат по скалила направени од пластични гајби за млеко, без да паднат. Делува едноставно, но може да биде прилично опасно доколку скалилата се срушата, додека таа личност е сè уште на нив.

Луѓето кои учествувале во овој предизвик наводно претрпеле тешки повреди, а некои од нив завршиле и со скршени коски. Некои го повредиле и вратот.

Предизивикот за кратко време стана вирален, а видеата имаа над милион прегледи, пред ТикТок да ги избрише, забранувајќи ги хаштазите Milk Crate Challenge и Crate Challenge. Доколку кликнете на нив ќе ви се отвори страницата со правилникот на мрежата.

„ТикТок забранува содржини кои промовираат или воздигнуваат опасни дела, а ние ги отстрануваме видеата и ги пренасочуваме кон пребарувачот со правилникот на заедницата за да ја обесхрабриме таквата содржина. Ги повикуваме сите да бидат внимателни, без разлика дали на мрежата или надвор од неа“ - стои во соопштението.

Меѓутоа, не произлегуваат само повреди од предизвиците: три личности починаа во Луизијана, по пукањата на 22 август, некој ја отворил вратата додека група мажи снимале видео за предизвикот Milk Crate. Постојат соменжи дека пукањето било насочено кон два автомобили кои биле паркирани во близина. На видеото се гледа човек како се качува на наредените гајби, пред да се слушне пукањето. Снимателот во тој момент почнува да бега и може да се слушне како некој вели: „Донеси ми пиштол, дај ми пиштол“.

За жал, починале 19 - годишниот Парис Кинг и 34 - гпдишниот Лазарус Томас. За жал, уште еден човек е прогласен за мртов. Целиот настап се истражува.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: