Уште една стравична вест го потресе светот: Познатата јутјуберка заспала и починала во сон
Стравичните настани продолжуваат да се случуваат кога станува збор за ѕвездите на социјалните мрежи, но некако најстрашно е кога некој ќе почине од чист мир, како што се случи со Саманта Рабиновиц, позната по профилот „Here for the Tea“. Оваа вест ја потврди нејзината сестра, пренесува „E! News“.
„Со тешко срце и со екстремна тага ја споделува оваа вест. Мојата помлада сестра Сам почина. Почина вчера, мирно и во сон.“ - напиша Лиса Гринспун.
Други информации засега нема, па може само да се претпоставува дали ова се случило поради одредени здравствени проблеми.
Голем број на обожаватели биле загрижени, бидејќи таа последниот твит кој го објавила бил на 2 ноември, кога напишала дека се наоѓа во тешка состојба.
„Здраво луѓе, како што забележаа некои од вас, мене ме нема на социјалните мрежи. Добив страшни вести неодамна и сега само сакам да бидам офлајн. Им благодарам на сите кои ми се јавивте за да видите дали сум во ред. Мене тоа многу ми значи“ - напиша таа, а потоа додаде дека на Инстаграм ќе се врати оваа недела, но тоа не се случи.