Уште едно оружје во борбата против короната: Важно е исто колку миењето на раце и дистанцата

Уште едно оружје во борбата против короната: Важно е исто колку миењето на раце и дистанцата

Објавена во: Живот // Живот

Сосема е логично и ефикасно...

Бројот на заразени со коронавирусот расте, повеќе нема личност на светот која не знае што треба да направи за да продолжи да живее нормално, па на сите нас е да го примениме знаењето кое го стекнавме изминатите месеци. На сите безбедносни мерки треба да им се придружи уште една хигиенска навика, за уште поефикасно да се заштитите од вирусот.

Како што редовното миење на раце и применувањето на дистанца, исто така многу е важна и хигиената на забите и усната празнина, советува познатиот стоматолог од Сиднеј, Гамер Вердијан. Тој објаснува дека четките за заби може да бидат вистински расадник на бактерии, што може дури да го ослабне имунолошкиот систем, поради што се советува четката за заби да се мие 30 секунди со врела вода пред секоја употреба и да се користи течност за перење на устата или 3% хидроген.

„Миењето на четката за заби со време вода 30 секунди пред да ставите паста за заби претставува едноставен начин да ја намалите веројатноста дека четката ќе стане контактна точка за вирус. Бидејќи Ковид - 19 се пренесува и преку плунка, колку побрзо се уништат сите бактерии што ќе стигнат до вашата уста, толку подобро. Хидрогенот е најдобро средство за перење на устата за да ја намалите количината на вирус во плунката и да уништите одредени облици на бактерии“ - вели Вердијан.

Стоматологот истакна дека добрата орална хигиена може да ни помогне во борба против инфекциите или вирусот кои влегуваат во крвотокот. Како што вели, многу бактерии кои потекнуваат од устата се поврзани со зголемена стапна на кардиоваскуларни и белодробни заболувања, кои човекот го прават ранлив доколку сериозно го погоди вирус како Ковид - 19.

Стоматологот заклучи дека во дневната рутина треба што побрзо да воведете рутина за плакнење на устата со 3% хидроген и тоа да го правите скеогаш кога ќе се вратите дома и ќе ги миете рацете.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: