Уште го крие: Уште една претпоставка за името на синот на Кајли Џенер кружи на социјалните мрежи (ФОТО)
Новото име на синот на Кајли Џенер со месеци ги држи обожавателите во неизвесност, секако откако таа откри дека му го промениле. Од тогаш, разни теории кружат на социјалните мрежи, а обожавателите постојано се обидуваат да откријат кое име му го дала познатата манекенка на својот син.
Најновата теорија доаѓа откако Кајли сподели видео за Денот на мајката, кој го помина со ќерката Сторми и тримесечниот син. На видеото може да се видат досега необјавени видеа од нејзините бремености и нејзиното новороденче, а обожавателите сметаат дека дала суптилно навестување за името на својот син. Кајли видеото го сподели со песната „To Our Daughter“ од уметникот My Best Friend Jacob, што ги наведе обожавателите да помислат дали нејзиниот наследник се вика Џејкоб.
На почетокот обожавателите беа убедени дека таа и нејзиното момче Тревис Скот на својот син му го дале името Жак, за да дадат почит на вистинското име на раперот Жак Берман Вебстер II. Подоцна, се прашуваа дали бебето се вика Кени во чест на Кендал, сестрата на Кајли.
фото: Принтскрин / Инстаграм