Уште ништо не е решено: Еден од моделите е децата до 10 години да се во училиште, а поголемите од дома
На средбата меѓу претставниците од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести се водела долга дискусија околу моментално најактуелнта тема која се однесува на точно 23.000 ученици, нивните родители и сите просветни работници.
Од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека станува збор за комплициран процес и воопшто не е лесно да се пресече наеднаш, без да се договорат сите поединости.
„Крајниот збор ќе го има Министерството за образование и наука, а ние сме тука за здрасвтвените мерки и протоколи. Станува збор за комплексна работа. Во рашање се 23.000 ученици. За многу модели досега разговаравме, а еден од нив, кој мене лично и ми се допаѓа е учениците до 10 години да одат во училиште, а од погорните одделенија да имаат онлајн настава. Ако повозрасните ученици би биле дома, ќе има повеќе просторни можности за помалите, но ќе видиме, се уште е рано за одлуки“ - вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.