Уште операции: Што направи Кајли Џенер со своите образи?

Уште операции: Што направи Кајли Џенер со своите образи?

Објавена во: Мода // Moj стил

За многу ѕвезди се претпоставува кои пластични операции ги направиле за да изгледаат онака како што изгледаат денес, но кога е во прашање семејството Кардашијан - Џенер, нивните операции се многу очигледни и ги имаат многу, што во однос на нивните слики од младоста се апсолутно непрепознатливи. Тоа особено се забележува на Кајли Џенер, чии фотографии од младите денови немаат никаква врска со нејзиниот денешен изглед - затоа таа е често на мета, а големите контроверзии започнаа околу нејзиниот роденден, кога Ким Кардашијан сподели стари фотографии од Кајли за да го прослави големиот ден на сестра си, но сето ова се претвори во приказна за пластичните операции. Таа приказна повторно се враќа на социјалните мрежи, сега поради новите фотографии!

Имено, Кајли моментално е на удар поради новото стори на Инстаграм на кој образите и изгледаат прилично големи, во што и сами може да се уверите од фотографијата во продолжение. Сето ова ќе ви делува уште посериозно кога ќе обрнете внимание на нејзината фотографија од лева страна, која е направена пред Кајли да направи естетски корекции, а и без таа фотографија е видливо дека образите и се неприродно големи.


На Твитер започнаа да кружат навреди на сметка на Кајли дека со новите импланти во образите, изгледа како 40 - годишна жена и дека ужасно и стојат, а луѓето се прашуваат дали само ѝ било здодевно и сакала на нешто да потроши пари или навистина не била задоволна со изгледот на своето лице. Пластичните операции и понатаму не се толку омилени во јавноста и ваквите навреди трпат и многу ѕвезди кои направиле само минимални корекции, со цел да се чувствуваат посамоуверено, но кај Кајли можеби сето ова отиде предалеку. Што мислите вие?


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: