Успеа да ја преболи Бресквица: Војаж започна романса со преубава манекенка
Ниту неговата поранешна девојка не губи време, па и таа го покажа своето ново момче...
Судејќи по сè младиот пејач на трап музика Михајло Веруовиќ Војаж, ја преболе својата поранешна девојка Анџела Игњатовиќ Бресквица, со оглед на тоа дека отворено започна романса со манекенката Сташа Чаловиќ, која е другарка на ќерката на Чолиќ.
Иако официјално ја немаат потврдено романсата, тие се движат на исти места, а за тоа сведочат и објавите на нивните профили на Инстаграм.
Двајцата во исто време беа во Ботаничката градина, а потоа на кафе, а на една од фотографиите се гледа часовникот на Михајло, што е уште еден показател дека се блиски.
Ниту Бресквица не губи време, а новото момче го покажа јавно, што ги изненади следбениците.