Ужасно искуство: Пејачот го нападнале и му ги украле парите
Пејачот Хари Стајлс неодамна проживеа вистинска драма...
Пејачот Хари Стајлс за Денот на вљубените уживаше во местото наречено Hampstead Heath, кога одеднаш му се доближил маскиран маж кој набрзо потоа го ограбил, јавува Cosmopolitan.
„Хари беше многу смирен за време на целиот инцидент, па од блискиот банкомат брзо подигна огромна сума на пари, која му ја предаде на напаѓачот, додека за целото тоа време му се заканувал со нож“ - откри близок пријател на Хари, кој бил со него за време на инцидентот. Полицијата потврдила дека го истражува грабежот на таа локација.
Исто така се јави и потпаролот на тамошната полициска станица, кој истакна: „Нашите службени лица трагаат по маж кој има околу 20 години“.