„Вака изгледа дете чии родители лечат комплекси“: Морничаво видео од девојче кое вежба и плаче, а мајката предизвика хаос на социјалните мрежи
Не е тајна дека многу родители сакаат нивните деца да постигнат повеќе отколку што постигнале тие, па често слушаме дека „родителите лечат комплекси преку своите деца“.
Речиси е непишано правило дека, на пример, татко кој поради повреда или лоша среќа не успеал да стигне далеку во фудбалот, го принудува својот син да тренира на завидно ниво или дека мајката сака нејзината ќерка да игра балет или некој друг спорт затоа што поради некоја причина не можела.
Како и да е, форсирањето и давање ветер во грб се дијаметрално различни работи и секогаш на крајот се одразуваат на детето. Видеото од малото девојче како тренира и плаче предизвика гнев кај многумина, а мајката која цело време снима имала што да каже.
Нејзината мајка Петрова Екатарена секојдневно објавува видеа од нејзината ќерка како тренира ритмичка гимнастика. Малена е многу успешна во оваа дисциплина, а доказ за тоа е и тоа што има освоено бројни медали на натпревари.
Сепак, горенаведеното видео кое предизвика гнев кај многумина потврдува дека патот до успехот е трнлив.
„Моето мало силно девојче“, напиша мајката на видеото на кое девојчето се протега на тренинг и лее солзи.
„Ова е сурово. Ме заболе желудникот додека го гледав“, „Па луѓе мои, вака изгледа кога родителите ги лечат своите комплекси со децата“, „Како можеш да се гордееш со ова? Земи ја со себе и однеси ја на сладолед, прошетај ја. Денес не е нејзиниот ден за тренинг“, „Ова многу ме повреди. И јас поминав низ истото“, се дел од коментарите под видеото.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs