Вака изгледа кога се жени синот на најбогатиот човек во светот: Спектакуларна венчавка на Александар и Жералдина во Венеција

Вака изгледа кога се жени синот на најбогатиот човек во светот: Спектакуларна венчавка на Александар и Жералдина во Венеција

Објавена во: Совети // Семејство

По венчавката во Париз, младата, успешна и богата двојка стапна на лудиот камен и во прекрасната Венеција.

Кој се најде во прекрасната Венеција оваа сабота, можеше да присуствува на вистинска љубовна бајка! Имено, Венеција беше местото на спектакуларната венчавка на Жералдина Гијом и Александар Арно.

Викендов се одржа свадбата на синот на извршниот директор и претседател на Луј Витон МХ, Бернар Арно, и тоа е настан кој сигурно ќе се памети со децении. Инаку, Бернард Арно го престигна Џеф Безос како најбогат човек во светот, а вредноста на неговото богатство се проценува на 186 милијарди долари.

Постариот син на Арно, Антоан, е оженет со супермоделот Наталија Водијанова. Александар е вториот син на Арно, а неговата новопечена сопруга Жералдина, го основа францускиот бренд D’Estrëe.

На оваа свадба дури присуствуваше и Бијонсе, во свилен фустан и палто Долче и Габана, со нејзиниот сопруг Џеј Зи, но и пејачот Фарел Вилијамс.

Убавата млада Жералдин носеше едноставен фустан, но елегантен, со потпис на WВ Андерсон. Нејзината венчаница имаше цветен вез, долги ракави и висока јака, а со целокупниот изглед постигна впечаток на целосна софистицираност.

Оваа венчавка беше втора по ред, а првата се одржа во Париз.

Овој пар се вери на почетокот на оваа година, и како што младоженецот напиша во описот на фотографијата од првата венчавка, се“ започна во 1998 година, а сега е доживотно.

извор:GLOSSY

фото:PROFIMEDIA

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: