Вака изгледала како мала: Дали ќе препознаете која е оваа музичка ѕвезда?
Патот до славата го гради уште од четиригодишна возраст, кога ја издаде и својата прва песна. На нејзината убавина и шарм никој не може да остане рамнодушен, а целиот регион ужива слушајќи го нејзиниот неверојатен вокал.
Публиката најдобро ја познава како победничка на детското музичко натпреварување „Неки нови клинци“, после кое сними три песни „Ружа“, „Потражи ме“ и „Једна коа ниједна“.
Нејзината популарност доживеа експанзија кога се пријави за учество на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде за ментор ја избра Мараија Шерифовиќ, со чија помош го освои победничкиот трон на најпопуларното талент шоу на балканот.
Доколку не ја препознавте на сликата, станува збор за Џејла Рамовиќ.
Оваа талентирана девојка од Горажде, со храбри чекори се движи на естрадната сцена, а после нејзината убедлива победа на „Ѕвездите на Гранд’, заедно со својата менторка, рушат рекорди на посетеност на нивните концерт по регионот, каде публиката секогаш добро ги пречекува.