Ваков маникир немате видено до сега: Даде 2.500 денари за нешто што изгледа како дете да го нацртало

Ваков маникир немате видено до сега: Даде 2.500 денари за нешто што изгледа како дете да го нацртало

Објавена во: Мода // Moj стил

„Кажи ми дека не плати за ова, изгледаат како дете да ги цртало“, „Изгледаат како 12-годишно девојче да ги направило со боички“

Девојка отишла во козметички салон на маникир со фотографија од ноктите кои би сакала да ги има. На козметичарката ѝ ја покажала сликата што ја нашла на Интернет со надеж дека ќе има ако не исти нокти, барем слични, но, не го очекувала тоа што го добила.

Дизајнот што таа го сакала вклучува нокти во форма на бадем со речиси проѕирна основа и темно сини линии околу рабовите.

Но, кога го видела резултатот од маникирот, останала шокирана.

 На видеото кое го објави на TikTok, а е прегледано повеќе од 2,8 милиони пати, може да се види дека ноктите воопшто не биле обликувани како што таа сакала. Покрај тоа, линиите се нерамни, а сината боја на рабовите изгледа несмасно нанесена.


„Изгледаат како 12-годишно девојче да ги направило со боички“, напиша една тиктокерка.

„Кажи ми дека не си платил за ова“, додава друга, на што Елира одговори дека ѝ наплатиле 47 долари или 2.500 денари, а кога ги видела ноктите останала во шок.

А што би направиле вие ​​да излезете од салон за убавина со вакви нокти?

извор;zena.blic


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: