Ваква елка долго не сте виделе: Милош Биковиќ одбра декорација за Нова година во рамките на старата традиција (ФОТО)

Ваква елка долго не сте виделе: Милош Биковиќ одбра декорација за Нова година во рамките на старата традиција (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Милош Биковиќ одлучи да ја испочитува старата христијанска традиција, па неговата елка за Нова година изгледа скромно!

Милош Биковиќ ги израдува своите следбеници со фотографија на која е гледа неговата, штотуку украсена новогодишна елка. Обожавателите на српскиот актер се воодушевени од атмосферата која е забележана на оваа фотографија, а актерот напиша и кратка порака - „Повторно е време за вакви работи“.

„Не се зане дали е поубава елката или тој што ја украсил“, „Среќна е таа која ќе гледа во неа додека со тебе наздравува во Новата година“ - се само некои од коментарите кои можат да се прочитаат под фотографијата, која Биковиќ ја објави на Инстаграм. Посебни комплименти доби и за изборот на елката.

Додека во последно време гледаме вештачки елки и тоа во различни бои - бела, розовам сребрена и златна, Биковиќ ја одбра онаа вистинската, природна елка. 

„Не се сеќавам кога последен пат сум видела природна елка“ - му напиша една обожавалте.

За потсетување, една од е постарите христијански легенди вели дека елката која ја украсуваме потсетува на денот на раѓањето на Исус Христос.

Според неа, пред пештерата во која е роден, имало три зимзелени дрва - кедрово дрво, бор и ела. Во знак на поздрав на малиот Исус, се затресле сите три дрва и го дарувале месијата. Кедарот како подарок за новороденчето имал миризливи иглички, борот шишарки, а елата немала никакви плодови кои би ги подарила, па заплакала.

Тогаш, на неа се смилувал ангелот и ѝ подарил ѕвезда од небото, која таа му ја подарила на Исус. Токму поради тоа на врвот на елката се става ѕвезда - како знак на љубов кон Исус Христос.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: