Васил Гарванлиев немал никакви шанси за влез во финале: Завршил претпоследен на првата полуфинална вечер
Македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето, а по завршувањето на 65 - тото издание излегоа и резултатите од гласањето од првата и втората полуфинална вечер.
Васил со изведбата на евровизиската „Here I Stand“ освоил вкупно 23 поени, кои го пласираа на 15 - тото претпоследно место за таа вечер. 11 поени добил од публиката, а 12 од стурчното жири, кое го сочинуваа државите кои учествуваа со него таа вечер.
Во продолжение ве потсетуваме на неговиот настап:
За потсетување, победата на Евровизија оваа година ја однесе италијанскиот бенд Манескин.