„Васко жабата“ е хит на социјалните мрежи, а многумина не ги знаат зборовите на песната: Откриена е тајната на стиховите

„Васко жабата“ е хит на социјалните мрежи, а многумина не ги знаат зборовите на песната: Откриена е тајната на стиховите

Објавена во: Живот // Живот

Бугарската песна стара осум години стана многу популарна на социјалните мрежи...

Бугарската песна „Васко жабата“ која е стара дури 8 години, стана хит на социјалните мрежи. Многумина најпрво почнаа да ја пронаоѓаат во вид на „мимиња“ на социјалните мрежи, а сега веќе има многу верзии.

Се испостави дека во прашање е хит од бугарскиот ромски бенд „Камчиа оркестар“.

„На китарата Васко жабата, тои сте свири драги гости само за вас“ - во превод значи: „На гитара е Васко жабата, тој ќе свири, драги гости, само за вас“. Иако нема никаква смисла, песната, по мислењето на многумина е интересна и певлива, поради што не престанува да се зборува за неа.

Не е само „Васко жабата“ ѕвезда. Другиот рефрен гласи: „На микрофона Цеца мецата, тои сте пеи драги гости само за вас“, односно во превод: „На микрофон е Цеца мечката, таа ќе пее, драги гости, само за вас“.

Она што предизвикува збунетост е тоа што сите мислеа дека Васко жабата е пејачот, меѓутоа, откриено е дека тој е всушност гитаристот на бендот.

На ТикТок оваа бугарска песна е голем хит, каде и се појавија многу смешни верзии:

@ne_sedi_na_ladnom_betonu #nagitaratavaskozabata #goviral #ocunafyp #foryoupage   -

@r4stko8 Na gitarata vasku žabata #serbia # #bulgaria # #nagitarata #fyp #fyp   -

@memehub.bg_official #viral #бгмеме #fyp #foryoupage   -

фото: Принтскрин / Јутјуб


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: