Важно е да ги знаете: 7 тајни на добриот стил на секоја урбана девојка
Откривањето на тајните на добриот стил секогаш ќе ви помогне кога не знаете што да облечете или да искомбинирате...
Ви се случува ли да гледате во плакарот и да видите тренди бои, кул парчиња кои ги сакате, но кога ќе се одлучите да го споите тоа во една комбинација не изгледа нешто посебно.
Иако можеби го сакате тоа, тоа не значи дека треба сега и веднаш да одите на шопинг за целосно нова облека, туку од она што веќе го имате да го извлечете максимумот и евентуално да додадете неколку парчиња кои ќе одговараат на сè - секако, оние безвременски.
# Sweet Simplicity
Како што кажала Коко: „пред излегување од станот, соблечете едно парче“. Секоја комбинација ќе изгледа подобро доколку не ја гушат додатоци. Женствениот изглед не мора да биде монохроматски или здодевен, неговата тајна е сите делови да зборуваат заедничка приказна.
# Внимавајте на големината, кројот и удобноста
„Boyfriend“ фармерките можеби изгледаат супер на вашата омилена инфленсерка, но не и на вас. Вреди ли да се вложува во парчиња кои можеби ќе импресионираат во некој Инстаграм пост, но во реалноста во тие чевли не би можеле да издржите повеќе од 5 минути, а стапалата ќе ви бидат крвави наредните пет дена.
Една од клучните лекции на добриот стил е удобноста. Тоа не значи дека од сега па понатаму ќе носите само крокс и шорцеви, туку добро размислите за својот стил на живот и потреби кога ќе одите во шопинг.
Еден од триковите кои откриваат модните експерти се: кратење или стеснување на предолгите или прешироките парчиња, прекројување на стариот капут или кошула за подобро да ви одговора и да изгледа помодерно. На тој начин истовремено ќе го продолжите рокот на траење на одредени парчиња и ќе водите сметка за природата.
# Модни додатоци
Накитот, чантите и чевлите може да бидат оние детали кои секоја конбинација ја менуваат од утро до мрак. Низ модните додатоци може да си играте со боите и текстурите и да експериментирате со трендовите.
# Важноста на пробувањето
Ниту повеќегодишното искуство со онлајн купување не значи дека ќе ги немаш оние ситуација „кога ќе нарачаш и кога ќе ти пристигне начарката“. Материјалот и бојата во живо не се ни приближна сенка на она како изгледаат на екранот, а за големината да не зборуваме. Поради тоа постојат некои работи кои не се купуваат без да се пробаат. Фармерките се едни од тие парчиња облека кои е потребно да се пробаат, бидејќи секој бренд има поинакви модели, а тоа важи и за чевлите.
# Бои
Боите се секогаш добредојдени! Монохроматски изглед во црвена, виолетова или сина, се храбар избор, но доколку таквата модна одважност не е ваш стил, боите може да ги додадете во деталите: кармин, обетки, чанти или салонки со светли бои кои на секоја комбинација ќе ѝ дадат вистинско освежување.
фото: SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA