Ве интересира ли како вашето куче ги гледа боите?

Ве интересира ли како вашето куче ги гледа боите?

Објавена во: Совети // Семејство

Дознајте на кој начин вашето милениче ги гледа боите...

Некогаш се верувало дека кучињата гледаат црно - бело, но всушност не е баш така.

Во мрежницата на окото постојат два вида фоторецептори: стапчиња и конуси. Стапчињата се многу чувствителни и овозможуваат гледање во услови на слаба осветленост, додека конусите се одговорни за секојдневното гледање и перцепција на боите. Постојат три типа на конуси и секој тип реагира на различни бранови должини на светлината.

Кучињата, како и повеќето други цицачи, имаат два вида на конуси кои им овозможуваат на нивнот мозок да го разликуваат жолтото од синото, но не и црвеното од зеленото.

Џеј Најт, експерт за перцепција набои од Универзитетот во Вашингтон, вели дека очите на нашите миленици се структурирани на сличен начин како кај луѓето кои имаат ваков тип на далтонизам или чии очи исто така го немаат третиот тип на конуси.

И кучињата и луѓето користат неврони во мрежницата за да видат сина или жолта боја. Меѓутоа кога станува збор за црвената и зелената боја, кучињата немаат неврони кои би реагирале на нив, па овие бранови од овие бои имаат неутрален ефект. Предметите што ги гледаме како црвени или зелени, кучињата ги гледаат во нисанси на сивата боја. 

На пример, бојата што ја нарекуваме „црвена“ кучињата ја гледаат како потемна од онаа што ја нарекува „зелена“. Иако имаат помалку конуси, бројот на прачки во нивната мрежница е поголем, поради што тие - во споредба со луѓето - гледаат подобро во темнина. Исто така, кучињата имаат поголеми зеници од луѓето, поради што нивните очи пропуштаат повеќе светлина, објасни ветеринарот д-р Кети Нелсон.

„Кучињата имаат и многу пошироко видно поле од луѓето и гледаат под агол од 250 степени, додека човечкото око гледа под 190 степени“ - додаде таа, објаснувајќи дека се случува очите на кучињата и мачките да бидат зелени во темнина поради светлата површина на задниот дел од окото наречена „tapetum lucidum“, која делува како огледало во внатрешноста на окото и ја рефлектира светлината што влегува.

„Таа светлина, исто така, го интензивира процесот наречен флуоресценција, а тапетитите може да рефлектираат до 130 пати повеќе светлина, отколку во човечкото око, поради што кучињата се пет пати почувствителни на светлина од нас“ - кажа таа.

фото: unsplash.com/marcus_wallis

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: