Веѓи како од кошмар: Девојка се одлучила да ги обои веѓите и набрзо потоа зажалила
Во видеото вели дека повеќе нема да ја повтори истата грешка...
Доколку некогаш сте се запрашале како изгледа евтин третман на боење веѓи, тогаш сте на вистинското место. Девојка која била таков третман очајнички побара помош на ТикТок, каде сними видео во кое се обидува да ги избрише своите веѓи и да ги направи помалку видливи, но влажното марамче не ѝ помогнало во тоа.
Убавите, пополнети и формирани веѓи се тренд веќе неколку години, па така некои девојки одат на посебни третмани за боење и чупање на веѓи, за да им изгледаат беспрекорно и совршено. Истото тоа го направи и оваа девојка која се согласила на третман во Америка, чија цена била 8 долари. Во видеото објаснува дека козметичарката ѝ го покажа резултатот, а таа мислела дека е потребно да ја избрише бојата од веѓите, за да не ѝ бидат толку темни.
@greyzindacity Catch me looking like Red from angry birds #DealGuesser #eyebrowfail #eyebrowtint #beautyfail #storytime #fail #hotmess
Oh No - Kreepa
Меѓутоа, се излажала, бидејќи козметичарката веќе ја избришала та абоја и тоа бил нејзиниот завршен резултат поради кој веѓите ѝ испаднале многу потемни и подебели. Па така, девојката се одлучила да побара помош на ТикТок, каде снимила видео на кое со влажно марамче се обидува да ја ублажи бојата, но безуспешно. Нејзиното видео набрзо стана вирално и има повеќе од 10 милиони прегледи, па така многу корисници ѝ помогнаа во решавањето на проблемот, а таа набрзо објави и ново видео во кое покажа дека успеала да ја намали бојата со некое посебни масла кои ѝ ги препорачале нејзините следбеници.
@greyzindacity Reply to @spookyaubs thank you to everyone who followed me on this journey
original sound - grace
Во тоа видео исто така напоменува дека ја научила својата лекциј аи дека никој не би требало да оди на евтини третмани, за да нема проблеми со бојата и дебелината на веѓите.