Веќе е сериозен професионалец со маестрални дела: Дали би дозволиле да ве тетовира девојче од 13 години?

Веќе е сериозен професионалец со маестрални дела: Дали би дозволиле да ве тетовира девојче од 13 години?

Ќерка е на познат „тату“ мајстор...

Уште во 2019 година, кога имала само 12 години се појави во новинарските наслови, а тогаш учествувала на една изложба, каде ја покажала мирната рака и способноста да работи под притисок. Лилит Сију стана „тату“ мајстор за кој најмногу се зборува во Сингапур, иако има само 13 години.

Таа е ќерка на Џозеф Тена, познат „тату“ мајстор од Сингапур кој има над 20 години искуство. Во една прилика татко ѝ ја прашал дали ја интересира тетовирањето и кога одговорила потврдно, тој почнал да ја носи со себе во студиото, каде таа и понатаму ги стекнува потребните вештини, пишува „Oddity Central“.

Лилит викендите и распустите ги поминувала мотајки се околу машините на татко ѝ и следејќи го како работи, ви впивала триковите, па за само шест месеци била подготвена да ја направи првата тетоважа.

Првата личност која ѝ дозволила на Лилит да ја испроба новата вештина, била една пријателка на нејзиниот татко. Лилит на нејзината кожа требало да нацрта лик од цртан филм. Признава дека била нервозна и дека ѝ биле потребни околу 90 минути за да ја заврши тетоважата. На крајот завршила одлична работа.

„Се плашев. Цртежот можете да го избришете кога ќе погрешите, но тетоважата останува засекогаш“ - изјави девојчето во таа прилика.

Нејзината самодоверба со текот на времето пораснала и веќе направила десетина тетоважи. Сепак, нејзиниот татко на шега вели дека не ѝ дозволува да „вежба“ на него, додека комплетно не ја усоврши техниката, за што сочувал мал простор на своето тело прекриено со тетоважи.

Позната како најмлад уметник во Сингапур, Лилит сѐ уште ја проучува уметноста на тетовирањето во студиото на нејзиниот татко, но се заканува дека ќе преземе неговиот занает во не толку далечна иднина.


Можеби ќе ве интересира: