Вељко и Богдана не живеат најлуксузно: Еве што всушност се крие зад големите ѕидови на луксузната вила во Тител (ФОТО)

Вељко и Богдана не живеат најлуксузно: Еве што всушност се крие зад големите ѕидови на луксузната вила во Тител (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Домот на Вељко и Богдана во Тител е вистинска семејна оаза

Првото дете на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, иако е син на најголемата фолк дива, живее сосема поинаков живот. Боксерот често истакнуваше дека животот во центарот на српската престолнина го задушува, и дека би сакал да се пресели некаде во периферијата, а тоа го изреализира кога се ожени со убавата Богдана Родиќ.

Свекорот и свекрвата на Ражнатовиќ живеат во Тител, гратче во Војводина, каде што имаат голема семејна куќа, а во дворот има и помала наменета за сопругата на Вељко. Наследникот на Цеца го добил имотот од свекорот како мираз, а бидејќи тамошниот мир повеќе му одговара отколку градската врева, решил целосно да се пресели со својата избраничка и со синовите Жељко и Крстан. Домот на Вељко и Богдана е направен по нивни вкус, а еве како го уредија...

Тој претходно реновирал се од земја до плафон, а се зборува дека мајка му му ги дала парите за да го изгради базенот. Миленикот на најголемата балканска фолк ѕвезда создаде катче од соништата, а до неодамна се знаеше само како однадвор изгледа домот на Богдана и Вељко, пишува Ексклузив.

Нејзината внатрешност остана непозната до вчера кога боксерот на својот Инстаграм профил објави фотографија од својот син во дневната соба. Па од оваа фотографија можеше да се дознае многу.

На прво место е тоа што е модерно уреден, ѕидовите се обоени во жолта боја  или покриени со камен,  дневната соба е одлично уредена и има голем телевизор со рамен екран. Има и клубска црна масичка со стакло над неа. Кујната е бела со златни детали, а од трпезаријата за 10 луѓе ја дели остров.

Вељко и Богдана уживаат со своите малечки во Тител, а не е тајна дека Цеца ги посетува доста често со оглед на тоа што таму го наоѓа потребниот мир, но и ужива да го поминува времето со своите внуци кои многу и недостасуваат во вилата на Дедиње.


Фото:veljkoraznatovic/instagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: