Вељко проговори за синот Жељко, откри дека Богдана му е главна поддршка и зошто не тргнал по стапките на Цеца

Вељко проговори за синот Жељко, откри дека Богдана му е главна поддршка и зошто не тргнал по стапките на Цеца

Објавена во: Живот // Живот

Ражнатовиќ зборуваше за својата кариера, но се осврна и на семејството...

Боксерот Вељко Ражнатовиќ беше гостин во емисијата „Whatzuuuup“ на телевизија Red. Тој во своето интервју зборуваше за тоа колку ми било тешко што поради короната не се одржуваат боксерските натпревари, па откри дека жена му Богдана му е најголема поддршка.

„Би бил пресреќен кога би дозволиле да се одигра државното првенство. Мојата жена е лесна, но мајка ми и остантите жени во домот... Жена ми ме следи на сите натпревари“ - рече Жељко.

Вељко како мал сакал да пее заедно со својата сестра Анастасија, а во емисијата раскажа и дали и денес знае да се фати за микрофонот, како и поради што не тргнал по стапките на својата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

„И денес сакам да пеам, сакам да се фатам за микрофонот да пеам кога ќе се напијам еднаш во годината. Но, никогаш не сум имал желба да правам кариера од тоа, сметам дека можам да направам многу повеќе од тоа. Не би бил среќен и исполнет, доколку не го работам она што го работам сега. Тренирав фудбал 7 години, па почнав поинаку да размислувам од соиграчите, не сакав да бидам во друштво за кое сметам дека не е мое“ - истакна Ражнатовиќ.

На самиот крај на разговорот, Вељко зборуваше и за својот син Жељко и секојдневната радост која тој му ја носи.

„Главната причина за среќа во животот и секој ден имам чест да бидам татко на едно дете“ - рече Вељко.

Да потсетиме, Цеца во повеќе наврати вели дека ретко го гледа својот син на натпреварите, но дека апсолутно го поддржува во неговата цврста одлука да се занимава со овој груб спорт.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: