Вељко запеа на роденденот на Анастасија: Братот го погодија емоциите покрај Саша Матиќ (ВИДЕО)
Вчеравечер, ќерката на една од најпознатите фолк ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија го прослави 24-от роденден.
На забавата присуствуваа нејзините најблиски пријатели, соработници, семејство, но и многу познати личности, помеѓу кои беа Саша Поповиќ со сопругата и ќерката, Анѓелина, Марија Шерифовиќ, Вања Мијатовиќ, Саша Матиќ и други.
Факт е дека сите во одреден момент се фатија за микрофон, а во моментот кога Саша Матиќ го отпеа својот хит „Кад љубав закасни“, Вељко го погодија емоциите. Во тој момент и тој се фати за микрофонот и запеа дел од една од неговите омилени песни.
Како звучи Вељко, слушнете во продолжение: