Велосипедски лудории на Бодан: Водителката Цеце Тодосовска ужива со два сина на декемвриското сонце
Водителката Цеце Тодосовска го искористи сончевиот викенд да ужива со нејзините два сина, Бодан и Симон.
Таа објави фотографија со малиот Симон кој е во кенгур топло облечен во скафандер и капче, додека Бодан ужива во неговите велосипедски авантури.
Иако изминатиот викенд во Скопје имавме сонце, загаденоста на воздухот беше доста висока, па Цеце воопшто не погрешила што го одбрала Водно како дестинација за уживање во декемвриското сонце.
Фото: Инстаграм