Венчаница од парчиња скршено огледало: Се омажи 26-годишната наследничка на нафтената империја
Модните критичари и светската јавноста останаа вчудоневидени од хипнотизирачкото издание за денот на венчавката на Ајви Гети, 26-годишната наследничка на нафтената империја, која се омажи за своето момче - фотографот Тобијас Енгел, на екстравагантна, раскошна церемонија во Сан Франциско.
Ова е бајковит нов почеток за младата сликарка со нетипична убавина која претрпе загуби минатата година - нејзиниот татко Џон Гилберт Гети почина од предозирање со дрога, а нејзината сакана баба Ана почина од срцев удар. Не е тајна дека Ајви имала хаотично детство и турбулентно воспитување.
„Џон беше дисфункционален родител, сè до моментот кога Ана се грижеше за неа и одлучи дека Ајви ќе живее со неа. Тоа беше како модерна верзија на сиромашно, мало богато девојче. Мајката на Ајви не беше премногу таму. Ана ја одгледа и ја обожаваше“, изјави извор за Ny Post минатата година.
Ајви не заборави да им покаже на сите дека споменот на нејзините најблиски е сè уште жив, па нејзиниот превез беше украсен со фотографии од нејзината баба и татко и неговата гитара. 26-годишната девојка исто така истакна дека изборот на дизајнерот за венчаници бил инспириран од нејзината покојна баба.
„Баба ми секогаш носеше креации на Џон Галијано. Откако почина баба ми, иако повеќе ми беше како мајка, ја почувствував таа врска со Џон. Знаев дека сакам тој да создаде фустан за мојата свадба", рече таа за Вог.
Ајви истакна дека затоа нејзината венчаница е „неверојатно лична“ и дека на неа работела заедно со Галијано, кој сега е креативен директор на брендот Maison Margiela, а токму тоа е потписот на оваа креација.
Галијано направи навистина уникатна тоалета од четири различни слоеви во бели и тонови на кожа, чиј финален дизајн има фрагменти од скршено огледало, а овој необичен детаљ на венчаницата ѝ даде неверојатна доза на гламур, но сепак сè изгледа многу суптилно и елегантно.
„Голем дел од фустанот е вистинско огледало, но бидејќи Ајви мораше да оди во него, направивме супстанца која наликува на вистинско огледало, но е многу полесна“, изјави Галијано.
Заедно со венчаницата, убавата сликарка носеше и нетипичен, прекрасен вел, сатенски салонки со украсна фиба, а покрај оваа главна венчаница, смени уште неколку фустани.
"Свадбата не беше она што го очекував или што ќе помислите кога ќе ги видите фотографиите. Свадбата беше организирана толку добро што не изгледаше големо, а сеќавањата на Џон и Ана беа толку возбудливи и полни со љубов. Беше едноставно одлично и исполнето со пријатели на младенците, кои отсекогаш ги познаваат и им го сакаат најдоброто. Тоа не беше површна социјална свадба на која сите шепкаа: „Ова нема да трае“. Ова е вистинска љубовна врска“, изјави за Ny Post извор кој беше на церемонијата.
Енгел е роден во Виена, а неговите родители се австрискиот бизнисмен Питер Енгел и британската актерка Шерил Прајм. Тој е претприемач, филмски режисер и фотограф. Самата Ајви е правнука на нафтениот магнат Џеј Пол Гети, кој важеше за најбогат човек на планетата во средината на 20 век.
Двојката се запозна на модната недела во Лондон, но контактираа дури следната година на модната недела во Париз.
"Го видов тоа слатко момче кое го фотографираше целиот настан, вклучувајќи ме и мене. Слегов кај него и почнавме да разговараме. Набрзо сфативме дека веќе сме се запознале една година порано", рекла таа во една прилика.
извор:zena.blic