Венчавка од бајките: Минатиот викенд се омажи ѕвездата од „Емили во Париз“
Лили Колинс, ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ се омажи овој викенд и со своите обожаватели сподели неколку бајковити фотографии...
Американската актерка Лили Колинс, попозната како „Емили во Париз“ на својот Инстаграм профил сподели бајковити фотографии од својата венчавка и така даде до знаење дека се омажила овој викенд, пишува „E! Online“.
„Никогаш не сум сакала да бидам нечија повеќе отколку твоја, а сега и твоја жена“ - напиша Лили под фотографиите со својот сопруг, Чарли МекДауел.
„Она што започна како бајка, сега засекогаш е моја реалност. Никогаш нема да можам доволно добро да објаснам какво доживување беше овој викенд, но „магично“ е прилично добар збор за почеток“ - додаде Лили и потоа сподели уште неколку фотографии.