Венчавката на поранешното момче потполно ја уништи: Најдобрата другата ѝ донираше бубрег, а се борела и со тешка сиромаштија

Венчавката на поранешното момче потполно ја уништи: Најдобрата другата ѝ донираше бубрег, а се борела и со тешка сиромаштија

Објавена во: Stars // Музика

Животната приказната на Селена Гомез, пејачката на која прераната популарност ѝ донесе психички и здравствени проблеми....

Познатата ѕвезда на Дизни, Селена Гомез ја освои јавноста со својата убавина. Сепак, како и многу нејзини колеги, многу рано доживеа голема популарност, поради што наиде и на психички проблеми.

Селена Мариа Гомез е родена на 22 јули 1992 година во градот Гранд Преири во Тексас, а животот ѝ го одбележило тешкото детство, прераната популарност, психичките проблеми и фаталната и турбулентна љубов со Џастин Бибер.

фото: Instagram

Додека татко ѝ на Селена потекнува од мексиканско семејство, нејзината мајка, Аманда Менди Корнет, која ја родила на 16 години, има италијански корени. Разводот на родителите се случил кога пејачката имала само 5 години.

Селена тогаш останала да живее со мајка ѝ, која се премажила и добила уште една ќерка, Грејси. Селена има уште една сестра, Сара, која нејзиниот татко ја добил во вториот брак.

Популарната пејачка никогаш не криела дека израснала во сиромаштија, а како што некогаш зборуваше, семејството знаело да има вечера која чинела само еден долар.

„Мојата мајка целиот свој живот го подредуваше на мене и моите потреби. Работеше по три работи за мене да ми биде подобро и на тоа ќе ѝ бидам вечно благодарна“ - заклучи Селена, која холивудската среќа ѝ се насмевна кога ја доби првата улога на Дизни каналот.

Кариерата ја започна во „Barneys and Friends“, а потоа следуваа и ангажманите на Дизни. Тогаш ѝ се отвори вратата и за музичката индустрија.

Нејзиниот живот го обележи и носењето на прстенот на невиноста, која го стави на 13 години поради татко ѝ, а го извади во 2010 година.

Иако на само 16 години потпишала договор со познатата издавачка куќа „Hollywood Records“, на Селена со популарноста ѝ дојдоа и многу приватни и здравствени проблеми.

На пејачката ѝ беше дијагностицирана лупус, хронична автоимуна болест која може да влијае на различни делови од телото, вклучувајќи ја кожата, зглобовите, срцето, белите дробови, крвта, бубрезите и мозокот. За тоа проговори неколку години подоцна, а за сериозноста на нејзината состојба говори и трансплантацијата на бурбер на која мораше да се подложи во 2017 година.

Бубрегот ѝ го донираше нејзината блиска пријателка, пејачка и актерка Франсија Раиса.

„Франсија со својата жртва ми го спаси животот. Таа ми е како сестра, нема зборови со кои би можела да ѝ ја изразам благодарноста која ја чувствувам“ - кажа Селена.

Една година подоцна, за време на турнејата „Revival“ која забележа бројни успеси, Селена мораше да откаже низа концерти поради психичките проблеми.

Пејачката водеше борба со паничните напади и депресијата, поради кои замина во клиника за рехабилитација.

„Мојата самодоверба беше убиена. Бев депресивна, ме обземаа чувства на тегоби и панични напади пред да излезам на сцена или веднаш по настапот. Всушност чувствував страв дека не сум доволно добра, дека не сум способна. Ми изгледаше дека ништо не им давам на своите обожаватели и дека тие го чувствуваат тоа. Би сакала повеќе да се зборува за таквите проблеми. Нас, девојките, не учат да бидеме отпорни на сѐ, да бидеме силни и секси, кул и опуштени, но мора да ни биде дозволено и да се распаднеме понекогаш“ - опишуваше таа.

фото: YOUTUBE

Режимот во таа клиника не бил лесен: на пациентите, помеѓу останатото, им било забрането користењето на мобилни телефони и компјутери, гледање телевизија и читање на магазини, но Селена таму релативно брзо се вратила.

„Престојував во соба со шест девојки на кои воопшто не им беше грижа која сум и што сум, бидејќи се бореа за сопствениот живот. За мене тоа беше неверојатно искуство, нешто најтешко, но и најдобро што го имам направено.“

фото: THE DAILY STARDUST / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Сепак, јавноста одлично знае дека овие проблеми настанале со првите проблеми кои ги доживеала во текот на турбулентната врска со Џастин Бибер. Врската на оваа популарна двојка започна во 2010 година, а многумина тврдеа дека силината на нивната љубов била еднаква на тоа колку биле токсични еден за друг.

Нивната врска ја одбележаа бројните разделби, скандали, а конечно расчистија во април 2018 година. Оваа врска беше полна со подеми, падови и конфликти преку социјалните мрежи.

Бидејќи постојано со движеа во исти кругови, се гледаа често и секогаш беа во добри односи за да ја обноват старата љубов.

фото: SHUTTERSTOCK

Конечната разделба, Селена ја поднесе тешко, а подоцна призна дека многу долго се борела со депресијата и анксиозноста, како и дека имала мисли за самоубиство.

Кога го објави синглот „Feel me“, јасно изјави дека песната ја има посветено на својата поранешна голема љубов, пејачот Џастин Бибер.

Во брзата поп песна, Селена му испраќа порака на поранешното момче на кое му порачува дека секогаш била верна и искрена, а дека поради него нивната врска им се распаднала. Пејачот не ѝ остана должен, па во едно од интервјуата за странските медиуми изјави дека му е многу жал за начинот на кој се однесувал во врската со Селена, и дека бил „невнителен и себичен“ партнер.


Откако Селена и Бибер за последен пат се обидоа да бидат во среќна врска во мај 2018 година, Бибер изненадно ја започна врската со Хејли, а потоа и тајно се ожени во јули минатата година.

Меѓутоа, Селена, тешко ја поднесе оваа веста и само еден месец подоцна доживеа нервен слом и заврши на психијатрија во Лос Анџелес. По повеќемесечната терапија и дијагностицираната депресија, пејачката ја продолжи својата музичка кариера.

Ја сними песната „Lose you to love me“, која ја посвети на планетарно популарниот пејач.


„Секогаш влетуваме во љубов на слепо, морав да те изгубам за да ме посакаш, овој танц ме убиваше, морав да те мразам за да ме сакаш“ - гласи еден дел од песната.

Селена во едно интервју откри дека е свесна дека депресијата и анксиозноста ќе ја следат цел живот.

„Имав многу проблеми со депресијата и анксиозната и не го кријам тоа. Меѓутоа, мислам дека никогаш нема да успеам во потполност да ја надминам таа состојба. Нема да дојде денот кога ќе помислам „Еј, еве ме во убав фустан, победив“. Мислам дека целиот живот ќе ја водат таа битка, но тоа не ми пречи, бидејќи знам дека секогаш ќе си бидам на прво место“ - искрена беше Селена.

фото: SHUTTERSTOCK

Според податоците на магазинот „Билборд“, Селена продала 7 милиони албуми и 22 милиони синглови, поседува своја продуцентска куќа „July Moon Productions“ која стои зад една од најгледаните серии на Нетфликс за 2017 година, „13 Reasons Why“, се занимава со хуманитарна работа и стана амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ на само 17 години.

Првата личност која доби 100 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиното богатство во 2017 година беше проценето на приближно 50 милиони долари.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: