Венчињата се враќаат во мода: 7 предлози како да ги искомбинирате

Венчињата се враќаат во мода: 7 предлози како да ги искомбинирате

Објавена во: Мода // Moj стил

Ако сакате да ја промените фризурата што ја носите секој ден, но не сакате драстична промена, ова е одлично решение.

Венчињата се носат повеќе од вообичаено во последно време. Ги има во сите бои, модели и големини, па секој може да го пронајде моделот кој му одговара. 
Пронајдете го стилот на носење венче што ви се допаѓа и што ви одговара најдобро:

# Дупло венче

Наместо две венчиња, ставете венче и лента за коса. Малку подебело венче, со тенка лента со кристали, изгледа кул и различно.

# Со висок реп

Без разлика дали имате „bad hair day“ или сте само мрзливи да ја измиете косата, врзувањето во висока опашка е решението за сите овие ситуации, за да изгледате како да сте вложиле малку повеќе труд, ставете и венче.

# Половина коса во опавче, половина пуштена

Полуреп е уште една едноставна фризура која можете да ја претворите во поинтересна. За училиште, за излегување или дури и празничен настан, полуреп лесно може да се преобрази во дневно или фенси издание. 

#  Стандардно носење венче

Понекогаш нема потреба да комплицирате и едноставно ставете го на пуштена коса, ќе ја отстраните косата од лицето и ќе изгледате средено.

#  Венче на навиткана коса

Ова е „messy“ верзија на носење венче. Наместо само да ја отстраните косата од лицето со помош на венче, претходно навиткајте ја за да добиете волумен и спремни сте.

# Венче со пуштени прамени коса

Ако не ви се допаѓа кога целата коса ја тргнувате зад венчето, извлечете неколку прамени напред, тие убаво ќе го обликуваат вашето лице и ќе ги покриваат вашите уши - што е важно за некој.

#  Ниска пунџа со венче

Ваквите фризури потсетуваат на лето. Затегнатаа или опуштена пунџа со венче е секогаш добар избор.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: