Венко Филипче: Отворени се линии за психолошка поддршка за деца на училишна возраст
Во една од вчерашните објави на Фејсук, министерот за здравство Венко Филипче ја информираше јавноста дека се отворени дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и деца на училишна возраст.
„Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка.
Во соработка со УНИЦЕВ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст.“ - стоеше во објавата на министерот.