Верното куче кое 9 години на станица го чекало покојниот сопственик: Како изгледало вистинското Хачико?
Хачико најверојатно е најпознатото куче во историјата. Поради својата преданост и безусловна љубов кон сопственикот стана културен феномен не само во Јапонија, туку во целиот свет.
За него се снимани филмови, цртани, стрипови и малку кој не слушнал за него. Но, неговите вистински фотографии немаме можност да ги видиме често.
Тоа не може да не изненади, бидејќи златко кафената акита Хачи е родена во далечната 1923 година на една јапонска фарма. Години подоцна, посвоено е од универзитетскиот професор Хидесабуро Уено од Токио и така започнала нивната планетарно позната приказна која ќе ги допре и оние најтврдите срца.
За верноста на кучето Хачико слушнаа луѓето од целиот свет.
Хидесабуро секој ден со воз одел на факултет, а неговото куче секогаш го следело до станица. И не само тоа! На крајот од секој ден, ова верно куче ја напуштало куќата за да го пречека својот сопственик на железничката станица Шибуја.
За жал, на 21 мај 1925 година, Хидесабуро Уено не се вратил на станица. Изненадно починал среде предавање, но преданиот миленик не можел да прифати дека неговиот сопственик го нема повеќе.
Следните девет години, девет месеци и петнаесет дена на железничката станица трпеливо го чекал возот со кој требало да се врати неговиот сопственик. Секој ден во исто време, тој бил на местото на кое некогаш се среќавал со починатиот сопственик. И така до крајот на неговиот живот.
Се спријател и со луѓето на железничката станица.
Патниците набрзо развиле симпатии кон ова навистина посебно куче, иако на почетокот не биле пријателски рапсоложение. Барем не до 4 октомври 1932 година, кога била објавена првата статија за Хачико. Потоа, го придобил вниманието на целата нација и луѓето често му носеле храна. Дури и се организирале околу трошоците за ветеринар.
Во 1934 година, верноста на Хачико била овековечена во облик на бронзена статуа која ја направил познатиот јапонски уметник Теру Андо. За жал, за време на Втората светска војна истата била уништена, но поради залагањата на синот на вајарот, се појавила нова статуа од верната акита, кој денес уште стои пред влезот на железничката станица.
Откако цел живот го поминал чекајќи го својот сопственик, Хачико починал на 8 март 1935 година, кога имал 11 години. Кремиран е, а неговата пепел е ставена покрај гробот на неговиот сопственик, па така оваа емотивна приказна добила спокојна завршница.
Крзното му било препарирано, а Хачи станал дел од јапонскиот национален музеј за наука.
фото: Netflix