Веројатно нема да ја препознаете: Како изгледала Бресквица пред популарноста и Војаж?

Веројатно нема да ја препознаете: Како изгледала Бресквица пред популарноста и Војаж?

Објавена во: Мода // Moj стил

Денес е идол на многу тинејџерки, а пред популарноста изгледала сосема поинаку...

Ако за било кој би можело да се каже дека преку ноќ станал вистинска интернет сензација, тоа дефинитивно е Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица. Во еден момент споделуваше свои кавери на песни, а кога ја започна љубовната врска со Војаж, за кратко време за нивната музика дозна не само цела Србија, туку и цел регион. Тие снимија дуети со најголемите музички имиња на овие простори и можат да се пофалат со голем број на прегледи на Јутјуб. 

Воедно, Бресквица стана ѕвезда, а нејзиниот стил на облекување, шмикање и воопшто целиот изглед, многумина сакаа да го ископираат. Од темна коса, преку русиот балајаж, локните, црвените прамени, па сѐ до целосно огнено црвената коса, Бресквица претрпе многу трансформации во споредба со времето кога сите ја знаеја како слатката Анџела.

Како мала свирела клавир и гитара, а оваа бескрајно талентирана девојка, уште како девојче покажувала дека е оригинална и поинаква од останатите врсници. Експериментирала со изгледот и како и многумина, ја поминала „емо“ фазата со коси шишки, искинати панталони и старки.

Во средно училиште, судејќи според фотографиите на нејзиниот профил, повеќе носела обични маички и негувала некој опуштен стил. Како што има истакнато во повеќе интервјуа, го облекува она што сака да го носи во одредениот момент, па еден ден може да ја видите во спортска комбинација, а другиот ден да изгледа како раперка, а веќе на третиот ден да се врати во „дарк“ стил и да изгледа како слуша готик или метал музика.

Токму од овие причини, таа се соочи со голем број негативни коментари, дека е „сатанистка“, „даркерка“ и слично, но Бреквица на ова не обрнуваше многу внимание. И тогаш во нејзиниот живот влезе Михајло, односно Војаж, и за кратко време тие станаа омилена двојка на социјалните мрежи, а нивното раскинување, публиката, претежно тинејџерска, тешко го поднесе.

Сепак, по раскинувањето, Бресквица доживеа нов „цут“, па така сега се облекува многу послободно и ги истакнува своите атрибути. Исто така, ја смени бојата на косата, носи облека која ѝ го открива деколтето, а забележливо е и дека усните ѝ се полни, па затоа во неколку наврати беше обвинувана дека била „под нож“, иако Бреквица не се огласи за тоа.

Едно е сигурно - Анџела навистина била неодолива како девојче и останува да видиме во кој правец ќе оди нејзиниот стил во иднина и дали ќе остане верна на провокативниот стил на облекување.

Погледнете повеќе од нејзините фотографии од детството во продолжение и проценете дали навистина се има променето од детството:

Извор: wanted.mondo.rs

фото: ASK.FM/ANDJELAIGNJATOVIC379

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: