Ветив дека ќе се расветли случајот на мојата ќерка: Се огласи мајката на Кика Ѓуриќ (ВИДЕО)
Кристина почина во декември минатата година, под сè уште неразјаснети околности...
Младата јутјуберка и гејмерка Кристина Кика Ѓуриќ почина на 9 декември минатата година, под сè уште неразјаснети околности. Иако најпрво кружеа приказни дека се самоубила, нејзината мајка Наташа Ѓуриќ е уверена дека тоа не е вистина, а во прилог сведочат и бројните околности.
Наташа од време на време се огласува во медиумите и преку социјалните мрежи, а тоа се случи и сега, на Инстаграм. Таа објави видео во кое им ветува на обожавателите на Кика и сите оние кои ѝ даваат поддршка во овој тежок период.
„Огромно благодарам на сите оние кои ми даваат поддршка во пронаоѓањето на вистината. Уште од 8 февруари ветив дека нема да ве оставам во тишина и стојат зад тоа, а сè што дознавам ќе го споделувам со вас. Оној мла број на луѓе кои оставаат негативни коментари, ќе бидат блокирани“.
„Кика со својата добрина и чесност ја заслужи оваа борба и ние ќе истраеме во неа“ - порача одлучно за крај Наташа Ѓукиќ, која и порано објави дека наскоро ќе сними уште едно пошироко видео во кое ќе го изнесе својот став по ова прашање.
фото: Принтскрин / Јутјуб