Вежбачка мамина: Тамара Тодевска и во теретана има поддршка од малата Хана
Пејачката Тамара Тодевска постојано на социјалните мрежи споделува моменти од својот приватен живот, а често тоа се и моментите со нејзините најмили - ќерката Хана и синот Дарен.
Досега, Тамара има откриено повеќе таленти на нејзината ќерка, од која највпечатлив е оној што е поврзан со музиката, поточно со пеењето. Но, последниот низата особено се издвојува.
Имено, пејачката веќе подолго време работи на својот изглед и редовно оди во теретана, а сега откри и кој ѝ прави друштво и со самото тоа кој ѝ е најголема поддршка. Да, тоа е малата Хана.
На стори на Инстаграм, мама Тамара сподели неколку фотографии на кои вежбаат со ќерка си, а дека и Хана одлично се снаоѓа со справите, уверете се самите во продолжение.