Видеа за време на корона: Зара Ларсон откри како го снимила спотот за „Love Me Land“

Видеа за време на корона: Зара Ларсон откри како го снимила спотот за „Love Me Land“

Објавена во: Stars // Музика

Како изгледаат снимањата за време на корона? Мораме да признаеме, многу се поразлични од она на што актерите и пејачите се навикнати.

Зендаја откри дека новиот филм го снимила во специјални услови за само две недели, а истото го раскажува и Зара Ларсон.

Шветската поп ѕвезда го објави синглот „Love Me Land“, песна која сигурно ќе ја слушаме ова лето.

Спотот е снимен во Шведска, каде што престојува за време на пандемијата.

„Разликата од вообичаеното снимање на спот е во тоа што режисерката се вклучи од Финска со видео линк, поради тоа што не можеше патува“ - откри Зара.

„Прекрасно е да се видат нови начини на снимање спотови. Идејата од почетокот беше да бидам сама, поради тоа што со тоа го претставувам она за што размислувам, она што го чувствувам, а оди и со ситуацијата во која се наоѓаме“ - продолжи таа.

„Секако, на снимањето немаше повеќе луѓе од она што е потребно, ги испочитувавме сите безбедносни протоколи поради вирусот Ковид-19“ - раскажа Зара и додаде:

„Најмногу ми се допадна она што можев да играм како утре да не постои.“

Во продолжение погледнете го видеото:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: