Видени кај матичар: Актерката застана на лудиот камен со долгогодишниот вереник?
Ви се верува ли дека актерката Џенифер Лоренс го кажа судбоносното „да“ на вереникот Кук Марони. Марони е директор на галеријата, а со актерката е виден во Њујорк како влегуваат кај матичар. Како што пренесува MarieClaire, тие таму се појавиле во друштво на телохранителите, пријателите и фотографот Марк Селинџер. Невообичаено друштво за посета на матичар. Парот наводно планира голема венчавка во октомври, па ова изгледа била посета кај матичарот за да закажат датум.
Еден од корисниците на социјалните мрежи кој тогаш бил кај матичарот напишал на Твитер дека е многу чудно чувството кога одите кај матичар за да закажате венчавање, а покрај вас да помине Џенифер Лоренс која исто така се појавила таму за да закаже датум.