(ВИДЕО) Ariana Grande, Miley Cyrus i Lana Del Rey снимиле песна?
Досега мистериозно чувано, а сега се испостави дека е вистина. Големите музички ѕвезди Ariana Grande, Miley Cyrus и Lana Del Ray снимија заедничка песна за потребите на филмот „Чарлиевите ангели“.
Всушност, пејачките се здружиле за да го снимаат soundtrack-от за овој филм. Во новото поглавје на ангелите го отвараат актерите: Kristen Stewart, Naomi Scott, Ella Balinska, Noah Centineo, Sam Claflin, Djimon Hounsou, Banks и Patrick Stewart.
Премиерата на филмот е закажана за 15ти ноември, а во продолжение погледнете го трејлерот кој беше објавен вчера.