(ВИДЕО) Безвременски кавер: Лина отпеа хит од 90- тите

(ВИДЕО) Безвременски кавер: Лина  отпеа хит од 90- тите

Објавена во: Stars // Музика

„Ноќна кралица“, „Ти си тој“, „Пред да заспијам“, „Забава до бесвест“ и многу други песни беа вистински хит помеѓу младите во 90 -тите. Најинтересен е фактот што овие песни и ден денес се хит кај младите генерации, за разлика од оние кои се создаваат сега.

Препуштени на „аутотјун“ и ефтини рими, они млади пејачки и пејачи кои сакаат да се докажуваат кога се нивните гласовни способности во прашање, често знаат да направат „кавери“ на старите хитови. Таков „кавер“ направи и младата пејачка Лина Пејовска.

Таа ја одбра „Крив си сам“, која во оригинал ја изведуваше Снежана Џеповска. Како автори тогаш се потпиша Раде Врчаковски - Врчак и Роберт Билбилов. Со малку поинаков аранжман Лина стави свој печат на овој безвременски хит, а како истиот звучи во нејзина изведба слушнете во продолжение.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: