(ВИДЕО) Главна на свадба кај сестра си: Мартија ја испеа песната за првиот танц
Откако пред неколку месеци играше на свадба кај брат ѝ, младата пејачка Мартија Станојковиќ заигра на свадба и кај сестра си. Како и минатиот, така и овој заблеска како никогаш досега.
Таа е една од најмладите и најпопуларни трендсетерки, па никако не смееше да си дозволи грешки во изгледот.
Мартија за дента одбра светкав краток фустан. Целиот изглед го надополни со обетки, интересна чанта и одличен мејк ап.
„Подобро е во црно“ напиша под фотографиите од вечерниот аутфит.
Но, освен одличниот стил на свадбата Мартија го покажа и одличниот вокал. Имено, таа ја отпеа песната за првиот танц. Станува збор за нејзината песна „Те сакам“, а во видеото во продолжение погледнете како изгледаше и звучеше.
И.М.